Skoči na glavni sadržaj

Izvorni znanstveni članak

ЖИТОТО, ЛЕБОТ И БРАШНОТО ВО ОБИЧАИТЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПАРАЛЕЛИ СО ПОДОЦНЕЖНАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА

Katerina Mladenovska-Ristovska ; Институт за национална историја Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија


Puni tekst: makedonski pdf 1.472 Kb

str. 1-12

preuzimanja: 684

citiraj


Sažetak

Житото, лебот
и брашното имале особено значајна улога во
обичаите на
античките Македо
нци
. Во врска со преданието за основањето на
Македонското Кралство се наведува волшебното („двојно“) нараснување на
лебот на Пердика, првиот македонски крал од династијата на Аргеадите. Во
изворите е забележан пример
за користење на брашното
за одбележување на
границите на нов град при неговото основање. Имено, на тој начин било
означено втемелувањето на славната Александрија во Египет, каде што
тлоцртот на градот, кој имал облик на хламида, бил исцртан со брашно од
јачмен.
Исто така, во врска со свадбата на Александар
III
Македонски и Роксана, опишан е македонскиот свадбен обичај на сечење леб со меч.
Текстот
се занимава со анализа на овие фрагменти, кои иако се малубројни, ја
потврдуваат светата симболика на житото, лебот и брашното кај античките
Македонци. Траги од оваа симболика среќаваме и денес во современата
традиција, кои меѓу другото ни овозможуваат и подлабоко да навлеземе во
суштината на овие обичаи.

Ključne riječi

антички Македонци; обичаи; леб; брашно; жито

Hrčak ID:

170503

URI

https://hrcak.srce.hr/170503

Datum izdavanja:

16.6.2015.

Posjeta: 1.491 *