Skoči na glavni sadržaj

Izvorni znanstveni članak

ПОСТМОДЕРНИЗМОТ И СКЕПТИЦИЗМОТ ВО ВЕРОДОСТОЈНАТА ПРЕТСТАВУВАЧКА МОЌ НА ЈАЗИКОТ И ПИСМОТО

Jasmina Mojsieva-Guševa ; Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија


Puni tekst: makedonski pdf 286 Kb

str. 68-82

preuzimanja: 362

citiraj


Sažetak

Овој труд е посветен на проблематизирање на референцијалната функција на јазикот и писмото, поточно сомнежот во неговата веродостојност во однос на осознавањето и опишувањето на стварноста што е една од основните поетички карактеристики на постмодернизмот. Во трудот се зафаќаат повеќе сегменти од филозофските, книжевно-теориските и лингвистичките концепции и категории (на Платон, Лок, Витгенштајн, Дерида, Лакан, Лиотар Бодријар, Компањон и други мислители) како што се: теoриите на реалното сознание, односот на информацијата и смислата; широчината на смислата и значењата на симболите наспроти дефинираноста на знаците; концептот на арбитрарноста на знакот; произволноста на јазикот и зборот; различните јазични игри; дерегулацијата на комуникацијата; кризата на идејата за енциклопедизмот како конечно и единствено сознание. Како илустрација на теориските тези користени се повеќе постмодернистички текстови (романите „Азбука за непослушните“ и „Папокот на светот“ на Венко Андоновски; романот „Опишувач“ на Ермис Лафазановски; романот „Хазарски речник“ на Милорад Павиќ и збирката раскази „Богот на јазикот и други раскази“ на Сретен Угричиќ) кои преку својата отвореност и непрецизност, се најсоодветни за објаснувањето на променливоста на смислата, за варијациите на концептот за вистинитоста, непогодноста на трите типа писмо за точно именување на работите; за непостојаноста на значењата на зборовите кои се само културолошки производ на разликите во трагите, што укажува на различните истории и контексти на нивната употреба. Интерпретативниот дел од трудот го имплицира принципот на споредбена анализа помеѓу дела од македонската и српската книжевност.

Ključne riječi

јазик; писмо; веродостојно претставување; постмодернизам; Венко Андоновски; Ермис Лафазановски; Милорад Павиќ; Сретен Угричиќ; комуникација; арбитрарност на знакот; јазични игри; хиперреалност; енциклопедизам

Hrčak ID:

203696

URI

https://hrcak.srce.hr/203696

Datum izdavanja:

20.12.2016.

Posjeta: 670 *