Skoči na glavni sadržaj

Izvorni znanstveni članak

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРБЕЛСКИОТ ТРИОД

Eмилиja Црвенковска
Лилjana Mакариjoскa


Puni tekst: makedonski pdf 416 Kb

str. 213-233

preuzimanja: 1.268

citiraj


Sažetak

Во статијата се дава опис на ракописот со неговите основни карактеристики на сите рамништа. Станува збор за црковнословенски ракопис од македонска редакција, од втората половина на XIII век. Ракописот содржи 241 лист. Главниот дел е химнографски - делот на триодот, но содржи и делови од паримејникот, евангелието, делови од типикот, како и апокрифниот текст Ас1а РпаИ. Според структурата на текстот станува збор за полн триод без поделба на посен и цветен дел.
Орбелскиот триод на сите рамништа покажува основни карактеристики на ракописите што припаѓаат кон маке донската ре дакциј а на црковнословенскиот: употребува само Б, еровите се вокализираат г, > о, Б > е, се употребуваат двата знака за назалите, ж и А, а исто така и га, ретки се примерите со деназализација, присутна е појавата на мешање на назалите, се чува палаталноста кај ј),лич, по испаѓањето на еровите изразена е појавата на асимилација на консонантите. На морфолошко рамниште се забележува загубата на непродуктивните деклинациски типови, за сметка на ширењето на другите. Се забележува преминување кон аналитички начин на изразување на падежните односи. Присутни се некои форми што покажуваат сличност со разговорниот јазик, на пр. личната заменка тои за 3 л. едн., употреба на формите на -МБ, но и на -ме за 1 л. мн. презент, карактеристичните форми си, е (од вгЈти). ВО ретки примери се чува двоината. Кај партиципите е присутна тенденција да се употребуваат како лични глаголски форми.
Во Орбелскиот триод постои разновидност на лексички форми, многу заемки, како и богатство од словенски синоними. Се среќаваат низа оригинални зборообразувачки решенија, особено разновидни се префиксираните форми на глаголите.
На синтаксичко рамниште карактеристично е удвојувањето, се удвојуваат предлозите, присутна е и појавата на удвоен објект - карактеристична за балканските јазици. Во појавата на удвојување на одредени форми улога играл и ритмичкиот фактор кој е одлика на химнографијата.

Ključne riječi

Орбелски триод; македонска редакција на црковно-словенскиот јазик

Hrčak ID:

49497

URI

https://hrcak.srce.hr/49497

Datum izdavanja:

5.3.2010.

Podaci na drugim jezicima: engleski

Posjeta: 1.953 *