Skoči na glavni sadržaj

Izvorni znanstveni članak

https://doi.org/10.21857/yl4okf3gj9

КОН ОБРАБОТКАТА НА ГЛАГОЛИТЕ ВО „РЕЧНИКОТ НА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК ОД МАКЕДОНСКА РЕДАКЦИЈА“ КРИТЕРИУМИ ЗА САМОСТОЈНА ОБРАБОТКА НА АДЈЕКТИВИЗИРАНИТЕ И СУПСТАНТИВИЗИРАНИТЕ ПАРТИЦИПИ

Наталија Андријевска orcid id orcid.org/0000-0001-6770-6153 ; Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Puni tekst: makedonski pdf 625 Kb

str. 1-16

preuzimanja: 643

citiraj


Sažetak

Во прилогот се задржуваме на некои од проблемите што се јавуваат при лексикографската обработка на адјективизираните и супстантивизираните партиципски форми и на ситуациите при коишто овие форми се обработуваат како самостојни лексички единици (заглавни зборови). Појавата на адјективизацијата и супстантивизацијата на партиципите наоѓа одраз уште во лексиката на класичните старословенски споменици. Крајниот резултат е целосно губење на глаголските категории на партиципите, а како основен критериум за нивна самостојна обработка се зема семантичката диференцијација што се манифестира преку развој на нијанса на потенцијално значење кај некои од нив или на качествени значења кај други со што сосема преминуваат во групата на придавките. Дополнителна потврда за развој на качествено значење кај партиципите е нивната употреба во степенувана форма, а употребата на качествените прилози на ‑o, ‑5 претставува уште еден доказ за адјективниот карактер на партиципските форми. Исто така и специјализацијата на значењето и терминолошката употреба претставуваат показатели за адјективизацијата или супстантивизацијата на партиципите. При обработката на партиципите како самостојни речнички статии се има предвид и споредбата со еквивалентите во грчките оригинали што се сметаат за предлошки на црковнословенските текстови. Како помошен критериум за оценување на адјективизацијата на партиципите се зема и односот кон синонимите и кон варијантите, како и способноста за воспоставување на антонимни врски.

Ključne riječi

глаголи; партиципи; адјективизација; супстантивизација; црковнословенски јазик

Hrčak ID:

206450

URI

https://hrcak.srce.hr/206450

Datum izdavanja:

6.10.2018.

Podaci na drugim jezicima: engleski hrvatski

Posjeta: 2.036 *