Ostalo
АКО РОМАНОТ Е „ПРОПУШТЕНА ИСТОРИЈА
Марија Ѓорѓиева-Димова
orcid.org/0000-0003-0065-2474
; Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје
Sažetak
Поаѓајќи од премисите за актуелноста на интердискурзивните релации меѓу книжевноста и историјата во современиот македонски роман, целта на овој текст е да ја елаборира и да ја потврди таа теза преку толкување на романот Ако се родат некакви чувства од македонскиот писател Блаже Миневски. Теориските рамки на истражувањето се поврзани со концепциите за постмодернистичкиот историски роман на Елизабет Веселинг и на Брајан Мекхејл коишто ќе бидат интерпре-тативно применети врз романот на Миневски. Толкувачкиот фокус е поставен врз две рамништа: 1. Врз жанровските варијации на постмодернистичкиот историски роман, отелотворени во моделот „правење историографија“; 2. врз епистемолошките и онтолошките теми во романот на Миневски и метафикциските постапки преку коишто тие теми се артикулирани во романот.
Ključne riječi
Hrčak ID:
325914
URI
Datum izdavanja:
3.1.2025.
Posjeta: 18 *