Review article
Овластувањата на центрите за социјална работа и на јавниот обвинител во малолетничката правда
Gordana Lažetić-Buzarovska
; Iustinianus Primus Faculty of law, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Macedonia
Abstract
Предмет на анализа се новите облици на постапување кои овозможуваат неформален пристап во разрешување на причините што довеле определен малолетник да биде во состојба на ризик од можно впуштање во криминално однесување, постапување спрема децата (кривично неодговорните на возраст од 7 до 14 години) во ризик, но и во однос на другите малолетници во ризик. Улогата на ЦСР се анализира преку неговите обврски и овластувања во постапката за определување мерки на помош и заштита, посредување заради обештетување меѓу малолетникот и оштетениот, како и извршување на алтернативните мерки. Проширените можности што ги има јавниот обвинител во постапката спрема малолетниците се рефлектираат преку постапката за посредување и порамнување, неповедување на судската постапка спрема малолетници за кривични дела казниви со затвор до 5 години, можноста за предлагање санкција без подготвителна постапка, постапката за медијација и постапката за признавање на одговорност и спогодување за висината на казната.
Keywords
центри за социјална работа; јавнио обвинител; малолетничката правда
Hrčak ID:
67114
URI
Publication date:
20.3.2011.
Visits: 4.099 *