Skip to the main content

Other

ДА СЕ ГОВОРИ КАКО/НАМЕСТО ДРУГИОТ

Марија Ѓорѓиева-Димова ; Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје


Full text: croatian PDF 776 Kb

downloads: 0

cite


Abstract

Поаѓајќи од теориските описи на хетеробиографијата, т.е. на aвтобиографијата пишувана од друг, понудени од страна на Лучија Болдрини, овој текст има за цел да го толкува романот Рaзговор со Спиноза од македонскиот писател Гоце Смилевски како парадигматична хетеробиографија во современата македонска проза. Интерпретативниот фокус е поставен врз три рамништа: 1. врз наративните постапки во романот; 2. врз жанровските и интердискурзивните трансгресии меѓу фикцијата и историјата, меѓу книжевноста и философијата и онтолошките трансгресии меѓу световите и текстовите; 3. врз етичките импликации на хетеробиогрфијата низ призма на етичката и на правната одговорност на авторот да го преземе гласот на друга историска личност.

Keywords

хетеробиографија; книжевност-историја; македонски роман; Гоце Смилевски,heterobiography; literature-history relation; Macedonian novel; Goce Smilevski

Hrčak ID:

319445

URI

https://hrcak.srce.hr/319445

Publication date:

18.12.2024.

Article data in other languages: english serbian

Visits: 0 *