Filološke studije, Vol. 13 No. 2, 2015.
Pregledni rad
МАГИЧНИОТ РЕАЛИЗАМ И НЕГОВИТЕ РЕЛАЦИИ СО ЕКСПРЕСИОНИЗМОТ, НАДРЕАЛИЗМОТ И ФАНТАСТИКАТА
Jasmina Mojsieva-Guševa
; Институт за македонска литература, Скопје, Македонија
Sažetak
Во оваа студија се настојува да се одгатне суштина на концептот на магичниот реализам, преку проучување на релациите кои тој ги остварува со другите уметнички движења и области како што се експресионизмот, надреализмот и фантастиката. Целата на ова истражување е да обезбеди теоретска експликација на магичниот реализам како феномен, стил на изразување, постапка во уметничката креација, кој најпрво се појавува во германското постекспресионистичко сликарство во дваесеттите години на дваесеттиот век. Оттаму и оттогаш, тој набргу се распространува низ различните уметнички форми (литература, театар, филм) и традиции (европска, руска, латиноамериканска) и станува еден од најкористените уметнички изрази во 20-тиот век. Преку релациите со веќеспоменатите уметнички области, потенцирани се магично-реалистичната приемчивост и комуникативност со наведените области, но и нејзиниот статус на автономна стилско-уметничка постапка, која се карактеризира со нова објективизација на стварноста и со специфично изразување. Со помош на применетиот компаративен и со аналитичкиот метод, направено е нијансирање на варијациите на феноменот на магичниот реализам, условени пред сè од контекстите во коишто тој се појавува.
Ključne riječi
магичен реализам; експресионизам; надреализам; фантастиката; стилска постапка; уметнички правец; интуитивно спознание; присуство на чудото; идеолошка втемеленост; авторов светоглед
Hrčak ID:
171483
URI
Datum izdavanja:
20.12.2015.
Posjeta: 1.622 *