Skip to the main content

Review article

ПЕРИФРАСТИЧНИТЕ ПРЕДИКАТИ (ПП) СО ДАВА ВО КОИ Е ПРИСУТНО МЕТАФОРИЧКОТО ПРОШИРУВАЊЕ ЗА МЕЃУЧОВЕЧКА КОМУНИКАЦИЈА

Nataša Stojanovska-Ilievska ; Филолошки факултет „Блаже Конески“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија


Full text: macedonian pdf 366 Kb

page 240-259

downloads: 433

cite


Abstract

Овој труд е посветен на македонските перифрастични предикати (ПП) со дава во кои синсемантичкиот глагол дава претрпил метафоричко проширување во правец на меѓучовечка комуникација. Овие ПП се базираат на деонтичките глаголи на комуникација и со нив се означува обид за промена во однесувањето на друго лице. Речениците со ваквите ПП обично имаат свои блискозначни паралели со соодветните автосемантички глаголи (АГ), но сепак, честопати се претпочитаат ПП во однос на АГ. Синтаксичките тестови и квантитативните анализи покажуваат дека главните причини за тоа се: мoжноста за редукција на аргументите во ПП, можноста за алтернативна хиерархизација на аргументи (комуникативна хиерархија), можноста за квантификација на именката во ПП, можност за придавска модификација на именката, отсуство на потполна синонимија меѓу ПП и АГ.

Keywords

синсемантички глаголи; перифрастични предикати; метафоричко проширување; дава; номинализација

Hrčak ID:

203734

URI

https://hrcak.srce.hr/203734

Publication date:

20.12.2016.

Visits: 994 *