Original scientific paper
https://doi.org/10.31820/f.33.1.4
AUDIATUR ET ALTERA PARS! (Ексцентризмот во македонскиот роман)
Marija Gjorgjieva Dimova
orcid.org/0000-0003-0065-2474
; Filološki fakultet „Blaže Koneski”, Skopje
Abstract
Предмет на интерес на овој текст се пет романи од современата македонска книжевност, толкувани низ призма на одделни категории во постмодернистичката теорија. Теориските премиси на толкувањето поаѓаат од две концепции: 1. од тезите на Линда Хачион за ексцентризмот како една од доминантните одлики на постмодернистичката поетика, а која е во функција на паралелна афирмација и проблематизација на границите; 2. од тезите на Елизабет Веселинг и на Брајан Мекхејл за постмодернистичкиот историски роман како парадигматичен жанр што ги демонстрира овие онтолошки, епистемолошки и интердискурзивни трансгресии. Оттаму, интерпретативниот фокус е поставен врз афирмациите на ексцентризмот на тематско, структурно и наративно рамниште во романите, а во функција на преиспитување на релациите книжевност-историографија, фикција-факт, официјални-алтернативни верзии на минатото.
Keywords
постмодернистичка поетика; македонски роман; ексцентризам; децентрирање
Hrčak ID:
259779
URI
Publication date:
5.7.2021.
Visits: 1.566 *