ДА СЕ ГОВОРИ КАКО/НАМЕСТО ДРУГИОТ
Ključne riječi:
хетеробиографија; книжевност-историја; македонски роман; Гоце СмилевскиSažetak
Поаѓајќи од теориските описи на хетеробиографијата, т.е. на aвтобиографијата пишувана од друг, понудени од страна на Лучија Болдрини, овој текст има за цел да го толкува романот Рaзговор со Спиноза од македонскиот писател Гоце Смилевски како парадигматична хетеробиографија во современата македонска проза. Интерпретативниот фокус е поставен врз три рамништа: 1. врз наративните постапки во романот; 2. врз жанровските и интердискурзивните трансгресии меѓу фикцијата и историјата, меѓу книжевноста и философијата и онтолошките трансгресии меѓу световите и текстовите; 3. врз етичките импликации на хетеробиогрфијата низ призма на етичката и на правната одговорност на авторот да го преземе гласот на друга историска личност.
##submission.downloads##
Objavljeno
2023-12-29
Broj časopisa
Rubrika
Izvorni znanstveni članak