ДА СЕ ГОВОРИ КАКО/НАМЕСТО ДРУГИОТ

Autor(i)

  • Марија Ѓорѓиева-Димова Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје

Ključne riječi:

хетеробиографија; книжевност-историја; македонски роман; Гоце Смилевски

Sažetak

Поаѓајќи од теориските описи на хетеробиографијата, т.е. на aвтобиографијата пишувана од друг, понудени од страна на Лучија Болдрини, овој текст има за цел да го толкува романот Рaзговор со Спиноза од македонскиот писател Гоце Смилевски како парадигматична хетеробиографија во современата македонска проза. Интерпретативниот фокус е поставен врз три рамништа: 1. врз наративните постапки во романот; 2. врз жанровските и интердискурзивните трансгресии меѓу фикцијата и историјата, меѓу книжевноста и философијата и онтолошките трансгресии меѓу световите и текстовите; 3. врз етичките импликации на хетеробиогрфијата низ призма на етичката и на правната одговорност на авторот да го преземе гласот на друга историска личност.

##submission.downloads##

Objavljeno

2023-12-29

Broj časopisa

Rubrika

Izvorni znanstveni članak