Review article
Правната заштита на јавните набавки
Nikola Tupanceski
; Iustinianus Primus Faculty of law, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Macedonia
Dragana Kiprijanovska
; Iustinianus Primus Faculty of law, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Macedonia
Abstract
Во трудот „Правната заштита на јавните набавки“ од проф. д-р Никола Тупанчески и дем. Драгана Кипријановска е дадена анализа на јавните набавки како дејност, како и на правната рамка која ја уредува оваа проблематика, во Република Хрватска и во Република Македонија. Изложувајќи ги на еден сеопфатен начин податоците во однос на имплементацијата на Законот за јавните набавки добиени од извршениот мониторинг на процесот на јавни набавки во Република Македонија од месец јуни 2009 година, авторите настојуваат да покажат и докажат дека т.н. декларативна борба за спречување на злоупотребите на подрачјето на јавните набавки сепак, не ги дава очекуваните резултати со оглед на фактот што, и натаму постојат бројни недоследности на институционален план кои ја оневозможуваат успешната примена на имплементираните законски решенија. Посебно, акцентот е ставен на механизмите за правна заштита од разни злоупотреби во сферата на јавните набавки, укажувајќи притоа, на важноста на казненоправните аспекти кои индиректно задираат во оваа сфера, што доаѓа до израз низ решенијата прифатени во новелираното македонско казнено законодавство, вклучително и оние предвидени во законодавството на Република Хрватска.
Keywords
јавни набавки; пазарна економија; правна заштита
Hrčak ID:
67113
URI
Publication date:
20.3.2011.
Visits: 4.262 *