Izvorni znanstveni članak
Сврзникот да во македонските црковнословенски текстови во споредба со другите јужнословенски редакции на црковнословенскиот
Александра ЃУРКОВА
orcid.org/0000-0002-6488-0874
; Институт за македонски јазик »Крсте Мисирков«
Sažetak
Во статијата се обработува употребата на да во македонските црковнословенски ракописи како партикула и како сврзник. Во споредба со хрватскоглаголските и старосрпските ракописи може да се констатира паралелизам во употребата на дасо финално, комплетивно, адјунктивно, последично и оптативно значење. Во врска со развитокот на да како хипотаксички сврзник треба да се има предвид почетната позиција на да во зависната реченица и контактната позиција со воведувачкиот предикат, а како важни механизми во историскиот развиток се издвојуваат реанализата, генерализацијата и синтаксичката синонимија. Постапната замена на инфинитивот со да+презент во црковнословенскиот е значаен процес во развитокот на сврзникот да, за што како важен фактор се идентификува латинскиот јазик. На современ план, разликите меѓу западните и источните јужнословенски јазици се состојат во тоа што во западните јужнословенски јазици да се генерализирало во изразувањето на фактивност и на експектативност, а процесот сосема се развил само во српскиот, хрватскиот и словенечкиот. Во македонскиот и бугарскиот, јазици кои се дел од Балканскиот јазичен сојуз, се случило извесно диференцирање на семантичко ниво меѓу граматичките средства односно сврзниците за финални реченици (да, hína/ná; за да, diá ná/ γiá ná), кои семантички се сврзуваат со експектативноста, и за комплетивните реченици (дека, оти, че, pōs, oti), сврзници кои се употребуваат за фактивни дејства.
Ključne riječi
црковнословенски; македонска историска синтакса; партикула и сврзник да; сврзник за да; хипотакса
Hrčak ID:
153559
URI
Datum izdavanja:
30.12.2015.
Posjeta: 2.533 *