Filološke studije, Vol. 14 No. 1, 2016.
Pregledni rad
ОКОЛУ КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА УСЛОВНИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Ruska Ivanovska-Naskova
; Филолошки факултет „Блаже Конески“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија
Sažetak
Целта на овој труд е да се утврдат доминантните модели на класификација на условните периоди во македонскиот јазик предложени во студиите посветени на оваа проблематика. Студијата се осврнува на неколку клучни концепти поврзани со условните периоди и на критериумите за класификација на овие конструкции. Даден е општ преглед на анализираните студиите со осврт на третираните теми и опсегот на описот на системот на македонските условни периоди. Вториот дел на трудот се задржува на сличностите и на разликите меѓу анализираните двојни и тројни модели, како и на насоките во кои би можеле да се движат идните истражувања на условните периоди во македонскиот јазик.
Ključne riječi
условен период; македонски јазик; модалност
Hrčak ID:
203715
URI
Datum izdavanja:
20.12.2016.
Posjeta: 1.256 *