Skoči na glavni sadržaj

Izvorni znanstveni članak

https://doi.org/10.21857/moxpjhgk8m

СВРЗНИЦИТЕ И СВРЗНИЧКИТЕ СОСТАВИ ВО ЦРКОВНОСЛОВЕНСКАТА ЛЕКСИКОГРАФИЈА И ВО МАКЕДОНСКИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ ТЕКСТОВИ

Ѓуркова Александра ; Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Puni tekst: makedonski pdf 597 Kb

str. 51-64

preuzimanja: 1.272

citiraj


Sažetak

Во рамките на проучувањето на црковнословенската лексикографија посебно се зема предвид статусот на сврзниците и сврзничките состави и нивната лексикографска обработка. Сврзниците се дефинираат како неменливи зборови коишто служат за поврзување на реченичните делови или на дел-речениците и притоа ги определуваат нивните меѓусебни семантички односи (Bauer 1972:323). Во анализата предвид се земаат сврзниците и сврзничките состави во Речникот на старословенскиот јазик (Slovník 1966—1997) и во Старословенскиот речник на ракописи од X и XI век (Москва 1994) во споредба со Речникот на црковнословенскиот од македонска редакција (РЦЈМ 2000—2016).
Покрај фокусот на начините на презентирање на сврзничките состави што се користат во македонските црковнословенски ракописи, посебно внимание се посветува на иновациите што може да се одбележат во Крнинскиот дамаскин, ракопис од XVI век. Се осврнуваме на темите за степенот на издвојување на сврзничките состави како посебни речнички статии и воопшто, третманот на иновациите кои во Речникот на црковнословенскиот од македонска редакција најчесто се регистрираат во Крнинскиот дамаскин.

Ključne riječi

црковнословенски јазик, црковнословенска лексикографија, сврзници, сврзнички состави, јазични иновации

Hrčak ID:

206452

URI

https://hrcak.srce.hr/206452

Podaci na drugim jezicima: engleski hrvatski

Posjeta: 1.929 *