Skip to the main content

Original scientific paper

ПРАЗНИКОТ КСАНТИКА КАЈ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Katerina Mladenovska-Ristovska ; Институт за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија


Full text: macedonian pdf 266 Kb

page 1-11

downloads: 291

cite


Abstract

Ксантика бил празник на војската на античките Македонци, кој се прославувал уште од најстаро време. Се одржувал на пролет, во шестиот месец од календарот на античките Македонци Ксандик (Xandikos), или денешен март, според нашиот современ календар. Имал функција на свечен обред на лустрација. Во својата суштина, тој претставувал своевидно ритуално магиско прочистување на војската предводена од кралот, во особено свечена атмосфера, при што таа поминувала помеѓу две половини од жртвувано куче. Во парадата, за време на пурификацијата (прочистувањето), кралот бил придружуван од семејството, хетајрите и македонската војска. По ова, следела една необична миметичка игра на борба помеѓу две завојувани страни. Текстот претставува обид за реконструкција на овој древен македонски обред за кој податоците во историските извори се малобројни и фрагментарни, од една страна, но од друга страна, инспиративни за анализа и за претпоставки за суштината и значењето на овој празник и на обичаите врзани за него.

Keywords

Ксантика; обред на лустрација; македонска војска; кучешка жртва

Hrčak ID:

203717

URI

https://hrcak.srce.hr/203717

Publication date:

20.12.2016.

Visits: 1.304 *