Skip to the main content

Original scientific paper

https://doi.org/10.21857/ypn4oc87o9

ВЛОГОТ НА ХИМНОГРАФСКАТА ЛЕКСИКА ВО РЕЧНИКОТ НА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК ОД МАКЕДОНСКА РЕДАКЦИЈА

Макаријоска Лилјана orcid id orcid.org/0000-0003-3722-0210 ; Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Full text: macedonian pdf 633 Kb

page 97-115

downloads: 378

cite


Abstract

Речникот на црковнословенскиот јазик од македонска редакција овозможува да се проследи влогот на химнографските текстови презентирани преку: Битолскиот, Загрепскиот, Шафариковиот, Орбелскиот и Хлудовиот триод, како и Ваташкиот минеј, кои се одликуваат со стилско-изразните средства, лексичките особености, апстрактната и фигуративната употреба на лексемите. Во нив се документирани лексеми непотврдени во другите македонски текстови: весельнèкъ, мокрота, дебельство, собьствèе, грчки заемки: аколоyтè˙, продромъ, соyдарь и др. Префиксните и суфиксните образувања се значајни за изградувањето на строфичната структура, а за жанровска особеност на минејот и на триодите се смета на пр. зачестената употреба на префиксот прý-: прýбогатьнъ, прýвысокъ, прýестьствьнъ, на съ-: състрадатè, съоyбèтè, съоyкрýплýтè, на комбинацијата на префикс со партикула -не: неразл©÷èмъ, неопалèмъ, прýнесквръньнъ, на двојнопрефиксираните глаголи: прýдъèзрещè, прèсърýстè, съвъзèтè, на сложенките: благонаро÷èтъ, благопокорьно, велегласьнъ, велерý÷èвъ, вьседýèствьнъ, вьселèкъствьнъ, добролèствьнъ, доброславьнъ, па÷еестьствьнъ, трьбогатьнъ, трьвелèкъ и др.

Keywords

црковнословенска лексикографија; лексика; химно­графска лексика; триод; минеј

Hrčak ID:

206455

URI

https://hrcak.srce.hr/206455

Publication date:

6.10.2018.

Article data in other languages: croatian english

Visits: 1.722 *