Philological Studies, Vol. 14 No. 1, 2016.
Original scientific paper
ЗА ИНИЦИЈАЛИТЕ ВО РАДОМИРОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ
Katica Trajkova
; Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија
Abstract
Радомировото евангелие е најбогато илуминиран македонски ракопис од 13 век и според мотивот на орнаментите припаѓа во групата на ракописи со тератолошки (чудовиштен) стил, кој претставува специфична композиција составена од ленти и гранчиња што меѓу себе се испреплетуваат со чудовишни облици на диви животни и птици, чиишто краци се спојуваат во лентите, мајсторски исцртани, така што не се знае каде завршува фигурата, а каде почнуваат лентите. Орнаментот главно го сочинуваат заставките и декоративните дополнувања, додека буквите (иницијалите), вкупно 314, главно се изведени во тератолошки, плетеничен, а мал број во растителен стил.
Keywords
Радомирово евангелие; тератолошки стил; орнамент; иницијали
Hrčak ID:
203692
URI
Publication date:
20.12.2016.
Visits: 919 *