Filološke studije, Vol. 13 No. 2, 2015.
Izvorni znanstveni članak
ИЗВИЦИТЕ ВО ЌОПИЌЕВИТЕ ПРИКАЗНИ ЗА ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Lidija Tanturovska
; Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Македонија
Sažetak
Се определивме за темата извиците во Ќопиќевите приказни за деца
на македонски јазик од неколку причини: 1. Бранко Ќопиќ е еден од
најпознатите писатели за деца во поранешна Југославија; 2. Од
совиолингвистички аспект, факт е дека неговите дела биле преведувани на
многу јазици (на: руски, украински, полски, чешки, бугарски, унгарски и
германски јазик), за разлика од што биле реткост оние што биле преведувани
на македонски; 3. Извиците, како посебна зборовна група, се предмет на
дискусија и во современите истражувања, како поради нивната класификација,
така и поради нивната функционалносемантичка реализација; 4. Преку
анализата на извиците од преведените приказни во петтата деценија од 20-тиот век може да се види синхрониската рамка на македонскиот јазик во тој период;
и 5. Стилистички гледано, Бранко Ќопиќ е автор што ги употребува извиците
во голема мера1
, не само во својата творечка дејност, туку и во својот
индивидуален јазичен израз.
Се анализирани 22 приказни на македонски јаик, каде што ексцерпираните
извици се подредени по азбучен ред, општо поделени во три групи: извици
што изразуваат чувства, извици што привлекуваат внимание и со кој се
воспоставува контакт и извици што имитираат звуци.
Од резултатите на извршената научноистражувачка работа се гледа
оправданоста на изборот на темата.
Ključne riječi
македонски јазик; извици; Ќопиќеви приказни за деца
Hrčak ID:
171523
URI
Datum izdavanja:
20.12.2015.
Posjeta: 1.010 *