Skoči na glavni sadržaj

Izvorni znanstveni članak

МАГИЧНИОТ РЕАЛИЗАМ И НЕГОВИТЕ РЕЛАЦИИ СО РЕАЛИЗМОТ

Jasmina Mojsieva-Guševa ; Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија


Puni tekst: makedonski pdf 575 Kb

str. 1-14

preuzimanja: 524

citiraj


Sažetak

Оваа статија се занимава со откривањето на суштината на магичниот реализам преку неговата релација со реализмот. Во неа се потенцирани разликите и сличностите на двете уметнички движења до кои се доаѓа преку детално изведената компаративна анализа. И двете движења се поврзани со категоријата на осознавањето, кои, подоцна, во зависност од методологијата што тие ја користат за да ги остварат целите и барањата, што ги упатуваат кон своите претставници, се развиваат во категории со различни својства. Опфатени се сегментите: метод за осознавање на стварноста, портретирање лик, опис, фабула, ангажираност, стил и др. Компаративната анализа доведе до следните резултати: Реалистите се потпираат врз логичкиот метод и рационализмот, додека магичнореалистичните писатели користат трансцедентни искуства, интуиција и магија; Реалистите портретирањето го изведуваат со помош на амбиентот, додека магичнореалистичните писатели користат портретирање со помош на некој инструментализиран чудесен детаљ; Реалистите користат детализација на описите, додека магичнореалистичните писатели користат техника на изразување која се состои од барокно натрупување на зборови; Kарактеристика на релизмот е цврстата, причинско-последователна и логички развиена фабула, додека во магичниот реализам фабулата честопати е разбиена и тешко се следи; Ангажираноста на писателот-реалист е директна, додека магичнореалистичните писатели отвораат реални проблеми, индиректно или по заобиколен пат; Стилот на реалистот се одликува со спокојниот тон на неговите фрази и со точно изразување што го ослободува од многу стилски украси, додека за магичнореалистичните писатели не е карактеристично јасното изразување, туку сè се одвива во некакво насетување, со двосмислени описи и толкувања на настани.

Ključne riječi

магичен реализам; реализам; логичност; трансцедентни искуства; интуиција; магија; амбиентално портретирање; чудесен детаљ; детализација на описи; барокното натрупување на зборови; причински-последователна фабула; разбиена фабула; директна социјална ангажираност; индиректна социјална ангажираност; јасен стил; двосмислено изразување

Hrčak ID:

203736

URI

https://hrcak.srce.hr/203736

Datum izdavanja:

20.12.2017.

Posjeta: 1.025 *