Filologija, No. 29, 1997.
Izvorni znanstveni članak
ЕДНО ПРАШАЊЕ ОД СИНТАКСАТА НА ГЛАГОЛСКИОТ ПРИЛОГ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Avgustina Hajdić
; Filozofski fakultet u Zadru
Sažetak
Авторката на статијата го разгледува едно од прашањата (реализација на дејствата изразени со глагол-предикат и глаголски прилог и поврзани во сложена реченична конструкција; поврзување на дејствата изразени со глагол-предикат и глаголски прилог со (не)идентичен субјект; употреба на глаголскиот прилог) што се однесуваат на синтаксата на глаголскиот прилог во современиот македонски јазик, а тоа е видската вредност на глаголот-предикат која го одредува временскиот однос на дејствата изразени со глагол-предикат и глаголски прилог и поврзани во сложена реченична конструкција.
Низ примери од современата македонска книжевност (поезија, роман, расказ, есеј) и од македонскиот печат (весници и списанија), авторката на статијата анализира и утврдува три постоечки временски односи:
1. истовременост
2. претходност
3. последователност
за да заклучи дека во дефиницијата на глаголскиот прилог (т.е. "Обично се вели дека глаголскиот прилог покажува дејство кое се врши едновремено со дејството изразено со личната глаголска форма во реченицата") (истакнала авторката на статијава), зборовите обично и едновремено треба да се истакнат зашто истовременоста, наспротив претходноста и последователноста, е само повообичаен временски однос, но не и единствен.
Ključne riječi
Hrčak ID:
157489
URI
Datum izdavanja:
6.4.1998.
Posjeta: 1.914 *