Izvorni znanstveni članak
https://doi.org/10.31820/f.38.1.8
Сочинување на книжевноста од книжевност
Marija Gorgieva-Dimova
; Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“
Sažetak
Појдовните премиси на истражувањето се темелат на континуираниот интертекстуален дијалог меѓу македонската уметничка лирика и фолклорната традиција. Овој дијалог е конститутивен за современата македонска книжевност и, особено за лирската поезија. Теоретските премиси на истражувањето се темелат врз мнемоничката парадигма на интертекстуалноста, елаборирана од страна на Ренате Лахман и на Дубравка Ораиќ-Толиќ. Нивните теоретски концепти ќе бидат интерпретативно применети на пет песни од македонската поезија (Свети Ѓорѓија од Петре М. Андреевски, Свети Георги ја убива ламјата од Богомил Ѓузел, Ламјата на Свети Ѓорѓија од Лилјана Дирјан, Свети Ѓорѓи ја убива ламјата од Катица Ќулавкова и Во срцето ти влегувам, ми вели Свети Ѓорѓија! од Светлана Христова-Јоциќ). Интерпретативниот фокус е поставен врз прегледот на интертекстуалните релации и постапки во песните и врз нивните мнемонички функции, потврдувајќи ја основната теза за интертекстуалноста како меморија на текстот, односно како основен модел преку којшто книжевноста ја отелотворува меморијата на културата.
Ključne riječi
лирика; интертекстуалност; меморија; македонска поезија
Hrčak ID:
349914
URI
Datum izdavanja:
28.7.2026.
Posjeta: 0 *