Skip to the main content

Original scientific paper

АКУМУЛИРАЊЕ НА ДЕМИНУТИВНИТЕ ФОРМАНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ РАЗГОВОРЕН ЈАЗИК

Виктор Закар ; Institut für Sorabistik/Institut za sorabistiku, Philologische Fakultät, Leipzig, Njemačka


Full text: macedonian pdf 416 Kb

page 403-411

downloads: 1.554

cite


Abstract

Ова статија се занимава со морфолошките особености на деминутивите добиени преку акумулирање на деминутивни форманти и со улогата на овие деминутиви во разговорниот јазик на електронските медиуми (блогови и форуми). Деминутивни форманти во македонскиот јазик, кои можат да се надодаваат, се: -уле, -енце и -че. Најголемиот број форманти (-енце, -че, -иче, -уле, -е, -це) го прифаќаат акумулирањето на додатни форманти, додека во процесот на образување деминутиви преку акумулирање форманти не учествуваат деминутивните форманти -ец, -ичка, -ка и -ица. Исто така беше заклучено дека деминутивите добиени преку акумулирање на форманти се употребуваат со цел за прекумерна позитивна експресивност во сите прототипични ситуации прикажани од Дреслер и Барбарези (1994). Но, ваквите деминутиви се употребуваат некогаш и со цел за изразување иронија, ненаклонетост кон адресатот. Деминутивите со акумулирани форманти се секогаш маркирани наспрема деминутивите со еден формант, кои можат да ја изгубат својата воочливост.

Keywords

акумулирање; деминутиви; експресивност; македонски јазик; маркираност; прототипична ситуација; разговорен јазик; форманти

Hrčak ID:

79388

URI

https://hrcak.srce.hr/79388

Publication date:

8.3.2012.

Article data in other languages: german

Visits: 2.641 *