Skip to the main content

Review article

ПОСТМЕМОРИСКИ ТРАНСМИСИИ НА ТРАУМАТА

Marija Đorđieva-Dimova ; Филолошки факултет „Блаже Конески“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија


Full text: macedonian pdf 524 Kb

page 102-113

downloads: 147

cite


Abstract

Поаѓајќи од тезата на Мериен Хирш дека поимот постмеморија може да се генерализира во различни контексти на трауматичен трансфер, овој текст има за цел да ја елаборира интерпретивната валидност на постмеморијата во однос на т.н. егејска тема во македонската книжевност, т.е. темата на колективната траума, предзвикана од егзодусот на Македонците од Грција, во текот на Грчката граѓанска војна (1944-1949). Предмет на интерес се две дела: Егејци и Снегот во Казабланка, од македонската авторка Кица Б. Колбе, припадник на т.н. постгенерација. Со оглед на тоа дека двете книги се жанровски различни – автобиографија и роман – анализата ќе понуди компаративен приказ на нивната постмемориска димензија, присутна во варијантите на постмеморијата, елементите на секундарност и посредуваност на постмеморијата, како и постмемориската релација кон минатото низ имагинација, проекција и креација.

Keywords

постмеморија; меморија; постгенерација; траума; егејска тема

Hrčak ID:

203765

URI

https://hrcak.srce.hr/203765

Publication date:

20.12.2017.

Visits: 461 *